ДА ГО ПРИФАТИМЕ ДОГОВОРОТ ЗА ДА НИ ТРГНЕЛО: Транзициските политичари кои уништија илјадници животи, сега бараат да се обезличиме за да ни „тргнело“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имате едно купче на луѓе од транзицијата каде што претпоставувам поради нивните погрешни политики, човечки животи и судбини биле во прашање, луѓето не реализирале сопствени амбиции и сега една група на луѓе- Георгиевски, Црвенковски, Заев, Шекеринска, една плејада на политичари од транзицијата ви вели- не успејавме да ви ги решиме проблемите, не не биваше е затоа сега мора и да се обезличите прифаќајќи го овој договор и од овој момент ќе ви тргне, а знаете дека претходно секој од овие поединечно барем 100 пати ве излажал.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Телевизија 24.

-И сега секој човек ќе си го постави прашањето- имаме на купче луѓе кои до сега илјадници пати не излажаа и ни викаат дека ова чини, имаме од другава страна ново раководство, луѓе кои промовираат нов принцип на политика и ни велат дека ова не чини поради тоа и тоа, фактографски и аргументирано разговараат, се обидуваат да не брзаат со одлуки и со изјави, бидејќи тоа што ќе го кажат мора да го испочитуваат, тоа е ветување пред граѓаните и тоа ветување треба да се испочитува, и вие самите ќе дојдете до заклучок како луѓето ќе постапат, додаде Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This