April 20, 2024, 11:19 am

„ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ ПЕТАР“: Судијата Осман Шабани ја честиташе приновата на Јанкуловска и закажа рочиште на 16 август

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата Осман Шабани го одложи денешното судење за Титаник и им порача на присутните да и пренесат на Гордана Јанкуловска да дојде на 16 август на судење. Да е живо и здраво бебето, рече судијат и објасни дека и дава простор на Гордана Јанкулоска да биде 45 дена со бебето, што е законскиот минимум.

Недоаѓањето на Јанкулоска беше причина за денешното одлагање на Титаник на кое дојдоа сите обвинети, вклучувајќи го и Пепир Мунич, кој е во куќен притвор за насилствата во собранието.

Адвокатката на Јанкулоска, Сања Алексиќ го извести судот дека нејзината клиентка се уште се наоѓа во Ремедика каде што се породи и не е излезена од болница.

За судење на „Титаник“ дадени се три термини во август: 16, 17 и 20 август.

Претходно, судијата Осман Шабани извести дека Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска побарале да се исклучи јавноста кога ќе се слушаат бомбите поради заштита на приватниот интерес, а друг адвокат бара судот да утврди дали СЈО ги прибавило бомбите во согласност со законот за заштита на приватноста.За овие прашања судот нема донесено решенија.
Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

 

Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This