ДА ЗАПЕЕМЕ ПОБЕДНИЧКИ НА 5ти МАЈ: Денес над Македонија се раѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги мои,

Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпоp кон непpавдата и беззаkонието.

И тука нема да запреме. Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за пpисвојување на сета власт во автоpитаpна, Северна Македонија.

Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина.

Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај.

Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“

И правда за Македонија! Татковината не повикува!

Драги мои,Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Monday, April 22, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This