April 26, 2024, 10:18 am

„Да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“ – Дуковски ги потврди заканите упатени кон Боки 13

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски, откако „Инфомакс“ претходно ексклузивно објави за заканите упатени до нив.

Дуковски прашал кој се јавува, пренесува МКД.мк, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот рече дека тој не добил никаква закана.

Вечерва на прес-конференција која ја одржа и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, а по објавената информација на „Инфомакс“ праша – „Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина? Преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред јавен обвинител од непознат број и со мутиран глас некој денеска му се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава“, рече Стоилковски.

Според информациите на „Инфомакс“, се работи за закана која во нечие име ја упатил еден градоначалник и успешен бизнисмен.

Бојан Јовановски, утрово поднесе 40 кривични пријави против актуелни функционери на власта, а претходно беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.

На завршното рочиште, Боки 13 изјави дека парите од рекетираните бизнисмени во Македонија се наоѓаат кај Зоран и Вице Заеви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This