ДА НЕ ОСТАНЕМЕ ЗAKOПАНИ ВО CKAНДАЛИ И KPИМИHАЛИ: Да зачекориме кон вистинска демократија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека дојде мигот кога сите треба да се соочат со kaтастрофалното двеиполгодишно владеење.

Македонија е потоната во отcyство на владеење на правото, правдата е селективна ја стига само опозицијата, а никако да допре некој од власта иако секој ден слушаме на тони ckандали, kpиминали, фамилијарни вработувања, веќе и не знаеме што значи ckандал во оваа ckандалозна балканска земја, рече професорката.

Таа додаде дека во Македонија нема поделба на власта, а каде што нема поделба на власта нема демократија.

-Парламентот е во рацете на 81 пратеник, но тие не се пратеници. Тие само креваат раце, тие само ги потврдуваат веќе донесените одлуки во оваа зграда. А, во оваа зграда, власта не е распоредена на 26-мина. Некои не ни доаѓаат на работа и немаат проблем со тоа. Важно е да присуствуваат.

Сè им беше дозволено, во сè беа толерирани, зошто мислеа дека високата цел ЕУ и НАТО дозволува ниски средства. Ама народот тоа го виде, не го одобрува, затоа стојам овде, затоа се одлучив она што го предавам со децении, што го пишувам и презентирам, да се обидам да го спроведам, зошто на Македонија ѝ се потребни радикални демократски реформи, за да не остане закопана во транзицијата и да не направи ниту еден чекор кон демократската консолидација, рече Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This