ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ, ИЧ ГАЈЛЕ НЕ МУ Е ЗА МАКЕДОНИЈА: Хоџа се повлекува за да го спаси рејтингот на Заев , а не од љубов кон Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џезаир Шаќири или командант Хоџа, вчера во емисијата 10 Минути на ТВ 21 истакна дека се повлекол од функцијата за да не му пречи на премиерот во неговиот рејтинг меѓу Македонците.

-Бидејќи ова стана толку голема работа, не сакав да му пречам во неговиот рејтинг кај Македонците, вие ги видовте реакциите кај медиумите и вака е подобро и за мене, но и за нив, рече тој.

На прашањето на новинарот “дали со премиерот разговараа за некоја друга позиција“ Хоџа одговори дека не разговараа и нема помислено на тоа, но истакна дека Заев бил доста загрижен.

-Немаме разговарано за таква работа, ниту пак имам помислено да разговарам за тоа сега за сега. Премиерот беше загрижен, дури ми викаше да почекаме уште една недела да видиме како ќе течат работите. Но јас му кажав подобро вака, јас ја донесов оваа одлука, рече рој за ТВ21.

Инаку, Командант Хоџа по острите реакции околу неговото поставување како советник во Владата на Зоран Заев и СДСМ, реши да поднесе оставка.

Заев од Охрид кажа дека на Шаќири му пречат реакциите и дека ќе се повлече затоа што си ја сака државата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This