April 23, 2024, 11:20 pm

„Да не си глува” – тензично на судењето за младиот Саздо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изземање на судијката Даниела Алековска поради „селективно“ водење на записникот, побараа адвокатите на одбраната на денешното рочиште за уби ството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Барање за изземање побара адвокатот Насер Рауфи, откако на негово прашање на сведокот Миле Алексовски во однос на неговиот исказ во обвинителството каде кажал дека „Никола уд рил во метална кутија кога паднал“, судијката Алексовска рече дека „пад нал до сандачето, а можеби и го за качил сандачето“.

Во тој момент Рауфи побара изземање на судијката Даниела Алексовска со цел да спречи да не биде каз нет и дека записникот го водела селективно.

Претходно судијката Даниела го предупреди адвокатот Рауфи дека нав редил една од поротничките која постави прашање до обвинетиот, со зборовите “да не си глува”.

На денешното рочиште за уби ството на дваесетгодишниот Никола Саздовски исказ дава сведокот Миле Алексовски. Тој во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крв нички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

– До мене беше пок ојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето па дна од уд ирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес“, а едниот го уд ри со нога на вратот. Ја за палија колата и отидоа, истакна сведокот Миле Алексовски на рочиштето за уби ството на Никола Саздовски.

Претходно обвинителот побара исклучување на јавноста поради воз неми реност на св едокот, но судечкиот совет го одби барањето.

Јавниот обвинител Ангел Фидовски, во воведен говор, кажа дека ќе докаже оти двајцата обви нети Бесир Беља и Скендер Демири заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29 јуни годинава на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смр тни повреди.

Адвокатите од одбраната посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во прит вор во зат ворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прог онот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This