„ДА ОЈМЕ ВО СОБРАНИЕ БЕЗ КРАВАТИ, ДА НЕ НИ СМЕТЕТ“: Пратениците знаеле за сценариото на СДСМ и се подготвувале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дополнителните докази кои денес пред судот ги презентира обвинителката Ивана Трајчева има и пораки од мобилниот телефон на пратеникот Јохан Тарчуловски. Во пораките има и вибер комуникација во која пратениците комуницирале во група.

Според вештачењето на мобилниот телефон на Тарчуловски, обвинетиот Сашо Василевски во вибер групата на 12 април испратил порака околу 9 часот во која им посакува добро утро на членовите на групата и им пишува да не носеле вратоврски во Собранието. Пораката што била испратена од Василевски, а која денес пред судот ја презентираше обвинителката Ивана Трајчева е со содржина: „Добро утро за сите, за колегите ќе е подобро денеска да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“. На ова Димитар Стевананџија по 10 минути му возвраќа со порака: „Саше, добро е да имаш подолга и да ја фрлаш како ласо. Навежбај се“. На овие пораки судијката Добрила Кацарска им искоментира на обвинетите пратеници кои седат во првиот ред во судница: „И денес не носите кравати“.

Пораките со ваква содржина предизвикаа смеа кај присутните во судница. Меѓу пораките кои во групата на вибер биле испраќани на 11 април 2017 се и пораки од Василевски со содржина: „Нешто спремаат да бидеме на готовс“, како и порака со содржина: „Сметам дека утре МОРА да се случи многу народ од 10 до крајот на собраниската седница. Комуњариве спремаат насилно преземање, а четврток да биде, ќе полудат, а така прават нови грешки. Неработен нема да има седница”. Василевски во групата пратил нова порака во 9.51 со содржина: „Комуњариве ќе направат обид за преземање денеска затоа сите пред Собрание“.

Извор
МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This