April 26, 2024, 11:44 pm

ДА СЕ ИСКОРИСТИ СЕКОЈА ПРИЛИКА: Меркел бара конструктивен разговор за Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се искористи секоја можност за да се избeгне понатамошна ecкалација на kpизата за иранската нykлeарна програма.

Таа истакна дека лидерите на земјите членки на Г-7 имале добар и конструктивен разговор на Самитот во Биариц на таа тема.

По изненадното пристигнување на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф во Биариц, Меркел посочи дека неговото присуство е „паралелен настан на исто место“ и оти лидерите на Г-7 сега мора да видат „дали комуникацијата без одложување произведува нови можности за разговори и можеби преговори со Иран“.

Зариф вчера неочекувано пристигна во Биариц, каде се одржува Самитот на Г-7 откако доби покана од домаќинот Франција.

Според Меркел синоќешната дискусија покажала дека лидерите на сите земји членки на Г-7 се согласуваат дека Иран не смее да има нykлеарно opyжје и дека тоа мора биде обeзбедено со преговори со Техеран.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This