ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ДЕСТРУКТИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ИНВЕСТИТОРИТЕ: Наместо СДСМ и Анѓушев да се фалат со сработеното на ВМРО-ДПМНЕ, да прекинат со деструктивната политика кон инвеститорите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анѓушев и СДС да престанат да ги манипулираат граѓаните на Република Македонија. Наместо да се фалат со сработеното на ВМРО-ДПМНЕ треба да прекинат со деструктивната политика кон странските инвестиции. Турската компанија Чагатај Кабло  е една од инвестициите на која владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ работеше подолго време. Компанијата во декември минатата година објави дека ќе инвестира во Македонија, а на 17-ти мај беше потпишан договорот за инвестирање, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека се што направија СДС и Анѓушев во врска со оваа инвестиција е  фалењето со работата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека се фалат со отворање на фабрики кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Анѓушев истовремено креираат негативна кампања насочена кон странските инвестиции. Владата на СДС  ги  намали парите наменети за привлекување на странски инвестиции и донесе нови мерки за субвенционирање на странски инвеститори, антиреформски мерки кои драстично ќе ја намалат конкурентноста на Македонија за привлекување на странски инвестиции во споредба со соседните земји. Со ваквата политика  СДС и Анѓушев вршат дискриминација на странските компании од кои егзистираат цели градови. Големите инвестиции со мерките на Анѓушев и СДС нема да добијат државна помош и немаат никаква корист од истите поради што ќе почнат да размислуваат за напуштање на државата, а со тоа се ризикува околу 25.000 граѓани да останат без работа, стои во реакцијата на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека СДС сакаат да го зголемат данокот за граѓаните и бизнис заедницата, потег кој ќе значи сериозен удар врз приватниот сектор.  Ваквиот чекор ќе го намали интересот за инвестирање во државата и ќе ги натера потенцијалните инвеститори да изберат некоја друга земја од соседството.

-СДС со деструктивните политики ќе стави  крај на странските инвестиции во Република Македонија, зголемување на невработеноста и дополнително осиромашување на државата и буџетот на граѓаните, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This