April 19, 2024, 10:22 am

ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПЕЧАЛЕЊЕТО ВРЗ ГРБОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Земјоделците очекуваат министерот да им ги реши проблемите, а не да тера ѓезмиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделците очекуваат решавање на нивните проблеми, а не манипулации и лаги од страна на СДС и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Николовски.

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците очекуваат СДСМ да престане да си игра и да тера маркетинг на нивен грб, да ги исплати парите кои им припаѓаат за штетите кои ги претрпеа.

– Техничката Влада уште на 24 април ги подготви сите документи потребни за воведување на мерката за обесштетување од мразот со документ кој го има и на системот на е-Влада. Да го интересираа СДС повеќе проблемите на земјоделците отколку собирањето политички поени на нивен грб, можеа да видат дека Антикорупциската комисија тогаш не даде позитивно мислење за исплата на средствата заради изборниот законик, но сега не постои никаква пречка тие да бидат исплатени, се вели во реакцијата од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците гледаат дека Николовски и СДСМ ги манипулираат и посочуваат оти се уште немаат донесено одлука за тоа во колкав процент од проценетата штета ќе исплатат надомест на штетата од последните непогоди.

– Претходната влада од 2014 година наваму исплати преку 10 милиони евра на име надомест на штета за регионите, Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и Стајковци по основ на 100 отсто обесштетување. Поминаа повеќе седници на влада, а СДС сега нема донесено никаква одлука за тоа, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека проблемите пред жетвата не се нешто ново или невообичаено. Додаваат дека додека биле на власт се соочувале со проблемите пред жетва, кои, како што се наведува, се решавале, а не како сега кога земјоделците мака мачат што со својот род.

Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат Николоски дали знае со што се соочуваат македонските полјоделци и мелничари и апелира итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица или да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 хектар за пченицата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This