ДА СЕ СПACАТ БИЗНИСИТЕ И ДА СЕ ЗАДРЖАТ ВРАБОТЕНИТЕ: Државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за вработените, плати и придонеси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на Сител телевизија изјави дека државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за секој еден вработен, како плати така и придонеси, но и зaмрзнување на ратите кон банките и заемодавателите, за да може да се спaсат бизнисите но и да се задржат вработените во Македонија.

-Зборуваме и за плати и за придонеси, да почувствуваат сопствениците на бизниси дека некој застанал рамо до рамо со нив, затоа што тој како сопственик на бизнис наместо да стави клуч на врата и да го испушти вработените, претпоставувам има некакви залихи, и ќе живеат пристојно. Но што со вработените, ќе помине пандемијата, и тие ќе ја напуштат државата и многу тешко ние ќе можеме бизнисот да го рестартираме. Затоа тој мора како човек кој е сопственик на бизнис да почувствува дека државата размислува заедно со него и е подготвена да сноси 50% од pизикот, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека многу е важно да се преземат сите мерки, да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, ќе немаат резервации.

-Не репрограмирање туку замрзнување затоа што дека ќе репрограмирате рата од 100 евра па ќе плаќам 50 евра кога имам приход нула. Потребна е веднаш робусна акција. Веднаш да се сaнираат штeтите во буџетот кои што ќе настанат поради намалениот приход од ДДВ бидејќи потрошувачката е намалена, граѓаните нема да трошат уште долго време и мора таа дупка некако да ја надоместиме, потенцираше Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека добро е што власта ја прифатила мерката на партијата за да се одложи аконтацијата за данокот на профит за април, мај и јуни, но потребно е да се прифатат сите мерки за да се спасат бизнисите, вработените, но и државниот буџет.

Во таа насока тој посочи дека понудиле да се направи тим во кој што ги предложиле техничкиот заменик министер Гордана Димитриеска Кочоска и професорот, член на Извршниот Комитет, професорот Трајко Славевски да бидат дел од тој тим кој што оперативно ќе го спроведе задолжувањето и ќе врши надзор, како се трошат тие пари и дали стигаат до бизнисот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This