March 29, 2024, 12:21 am

ДА СИ ЗНАЕТЕ: Што смеете да правите доколку присуствувате на мисата на Папата Франциск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај.


Во литургискиот простор ќе можат да влезат само граѓаните со обезбедена влезница од Католичката црква и документ за лична идентификација и тоа само во периодот од 6 до 9 часот, по што пристапот на плоштадот ќе биде забранет. Ова се само дел од деталите за историската прва посета на Папата во земјава, кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев, бискупот Киро Стојанов и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

Учесниците на мисата треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед, се вели во соопштението на сајтот за официјалната посета на папата Фрањо на Скопје papa.mk.

Присутните на литургијата не смеат да носат експлозивни направи, запалки, петарди…а забрането е внесување и на храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа, алкохол, чадори и знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат влезница и личен документ лична карта или пасош, здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат. Потоа вода и освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Доколку врне бидејќи нема да биде дозволено внесување на чадори препорачуваме мантил за дожд, стои во правилата објавени од координативното тело.

Кога папата Фрањо ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This