Да сте живееле во нацистичka Германија речиси сигурно ќе сте гласале за Хитлep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 1936 година името на Адолф Хитлер било единственото на гласачкото ливче, а гласачите можеле да гласаат за или против фирерот. 98 проценти од гласачите излегле да гласаат на изборите, а од излезените гласачи 98 проценти гласале за Хитлер.

Тоа значи дека околу 44 милиони Германци со право на глас дале поддршка за овој режим, а само половина милион Германци гласале против.

Дополнително Хитлер ја имал поддршката од најмалце 10-тина нобелови лауреати, најголемите умови на Германија во тоа време меѓу кој и еден од најголемите филозофи на 20-тиот век, Мартин Хајдегер.

Поентата ми е дека не секогаш мнозинството е во право, грешите, грешеле и најголемите умови на човештвото како Хајдегер кој се покајал и повлекол од Национал социјалистичката работничка партија на Германија, но предоцна.

Научниот и општествен консензус кој изминативе години се форсира на широките народни маси кога станува збор за пандемијата и проблемите како глобалното затоплување заедно со тоталитарните мерки ме потсетува на 30-тите години од минатиот век и нацистичка Германија.

Едноставно луѓето така функционираат, живееме во консензус, не затоа што така сакаме туку бидејќи мора да има консензус за да постои општество. Што поради недостаток на мотивација да го преиспитаме истиот, што поради недостаток на време да размислуваме за клучни теми овој консензус опстојува, а проблемите со кои најчесто се замараме се тривијални и небитни, а оние клучните ги оставаме на консензусот.

Консензусот во 30-тите години од минатиот век во Германија бил дека нацизмот е најдоброто можно општествено уредување. И тогаш како и сега луѓето се етикетираат и бележат со давидови ѕвезди кои денес се заманети со етикети како антиваксери и „science denier“, луѓе кои имаат ненаучни погледи на светот, еретици.

Aко тогаш Гебелс бил одговрен за тоа што е точно, а што не денес одговорни се Фејсбук, Јутуб, Гугл и Твитер. Се е исто само него го нема…

98 проценти од вас кој го читате ова писание во нацистичка Германија би гласале за Хитлер и би го поздравиле фирерот со „Sig Hail“.

Единствениот начин да сте биле како оној човек на сликата е да имате емотивна поврзаност со апсолутната вистина, како господинот, Аугуст Ландмесер кој не го поздравил фирерот бидејќи имал жена Еврејка или пак да потрошите доволно време размислувајќи и поставувајќи ги вистинските прашања за да дојдете до истата.

Значи статистички гледано речиси и сигурно е дека Вие би биле на погрешната страна на историјата, би биле чувар во концентрационен логор и би ги направиле сите оние ѕверства од кои се гадите додека ги читате историските читанки само поради фактот што никогаш не сте ги поставиле вистинските прашања?

Единствено нешто кое ве тера да мислите дека ќе сте спротивставеле на Хитлер е вашето его, вашето чувство за морална супериорност, кое е само чувство, но не и факт.

Откако ќе ви го одземат правото да одлучувате за вашето тело прашање само прашање на време е кога ќе ви кажат што да правите со вашата душа…

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This