ДА ТЕ НЕМАВ, ЌЕ ИЗМИСЛЕВ ДЕТЕ КАКО ТЕБЕ: Синот на Ребека наполни 12 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на пејачката Ребека, Маркијан пред неколку дена наполни 12 години. Ребека со емотивен статус му го честиташе роденденот на синот.

„ Маркијан, љубов моја, да знаев дека ти ќе бидеш причината за да научам како и невозможното е возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како што си ти. Моето сѐ си ти, но и сите ближни, сите луѓе околу тебе и сѐ што Бог ни дал за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и за секојдневиео твое: „Мамичке, многу те сакам.“ Среќен 12. роденден, супер- хероју мој“, напиша Ребека на својот Фејсбук профил.
Ребека со трите сина: Маркијан, Макариј и Доротеј

Во интревју за Женски магазин лани, Ребека отворено зборуваше за ретката болест на синот, туберна склероза.

„ Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме тумори на срцето, но не и промена на срцевата работа. И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија доколку навистина следат. На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите – епилептични напади. Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу болници. Денот ни започнуваше со прашањето дали и колку напади ќе има, дури имаше и периоди кога во еден ден забележувавме и по стотина“, раскажа пејачката која е основач на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This