„ДА ТИ СЕ МОЧАМ И У ВЛАДА, И У ДРЖАВА И У АРМИЈА“: Министерство за одбрана не платило здравствено осигурување, војниците гневни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандали продолжуваат да го тресат министерството за одбрана, откако во последната недела актуелен беше оној со расипаното пилешко месо кое беше делено на војниците во касарните во Штип и Кочани

Освен тоа што немаат соодветна храна, војската веќе со месеци бара обезбедување на соодветни услови за превоз, но и работни услови. Голем дел од касарните се без греење, а војниците немаат ниту соодветна опрема. 

Дел од опремата е, во најмала рака кажано, уништена, а дел од војниците сами се снаоѓаат да закрпат од опремата која им била дадена пред десетина години.

Редовни се повиците на професионалните војници и за исплата на додатоци на плата, за дежурства и прекувремени работи часови.

Наместо тоа, министерката Радмила Шекеринска одлучува да молчи и да ги игнорира повиците на армијата, а наместо суштински чекори таа бара начини да го подигне сопствениот рејтинг преку „пиар“ проекти. Така, министерката за одбрана и покрај големиот број на стратешки проблеми во армијата за кои нема способност да ги реши, пред камерите се пофали со набавка на гуми за возилата на АРМ. 

Овој пат, професионалните војниц преку социјалните мрежи откриваат уште еден, можеби најсериозен скандал во МО досега. Бараат плаќање на заостанатите придонеси за здравствено осигурување. 

Ова војниците го дознале откако еден од нив се обидел да се пријави и да побара здравствена помош, кога бил вратен бидејќи не биле подмирени обврските кон здравственото осигурување. Освен ова, професионалните војници биле изложени на дополнителни трошоци за набавка на лекови, кои морале да ги набават „на приватно“.

Мизеријата во АРМ владее веќе две години, поточно од доаѓањето на Шекеринска на чело на министерството.

Додека таа се насладува со морски плодови, жестоки пијалоци и апетисани, тенковите не можат да излезат од гаражите бидејќи за нив се уште не е набавено моторно масло. Војската се смрзнува во касарните, униформите се крпени, а им се дели расипано месо платено 3.2 милиони денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This