ДА, ЌЕ „ПУКНЕМЕ“ ОД МАКА: Ќе „пукнеме“ од мака додека гледаме како се распродаваат националните интереси во земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ќе „пукнеме“ од мака додека гледаме како се распродаваат националните интереси во земјата која ја сакаме и првиот човек кој треба да ја води Македонија кон реформи и напредок го крши Уставот и дрско и безобразно се обраќа во Собранието. Ќе одговориме на овие провокации и ќе ги зачуваме македонските интереси“ – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е гостин во денешната Топ Тема На Ваша Страна. Тој му реплицираше на премиерот Зоран Заев, кој од собраниска говорница и порача на опозицијата дека ќе пукне од мака што не го решиле спорот за името.

„Кога Заев го откри капитулантското дело имавме седница на Извршниот комитет ја дадов изјавата дека ќе гласам против овој договор на референдум. Уште не знаеме дали ќе има референдум, се уште не е формирана ДИК“ – рече Мицкоски.

Тој додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ работеше напорно и ги изработи сите неопходни реформски закони неопходни за влез во ЕУ во Собранието. Следеше процес на изготвување на Закон за финансирање на политички партии и Закон за Влада кој се избегнува, за потоа да се реши изборот на ДИК кој се уште го нема“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This