Двајца бираат, а 81 фикус дигаат раце како што ќе им кажат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ваков парламентарен систем, претседателот нема многу силни функции, но тој има шанса да биде модератор, да биде неутрален, арбитар, да укажува, да предупредува, зошто неговата власт и авторитет се врзани за народот. Ова во вечерашниот говор пред кавадарчани го посочи кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Јас сум голем противник на изборот на претседателот од Собранието. Тоа им е идејата. Сакаат како што сами го менуваа Кривичниот законик без опозицијата, како што сами си донесоа ко божемски Закон за амнестија, а тоа беше некој хибрид меѓу амнестија и меѓу помилување непознат во Казненото право, како што самите си го сменија Уставот, сакаат сега самите да си го изберат претседателот. Ние повеќе веруваме во мудроста на народот да препознае човек кој може да биде претседател или претседателка, отколку во тие 81 фикуси таму кои гласаат така како што ќе им сугерираат. Не смееме да дозволиме двајца луѓе да ни бираат претседател, а другите само да креваат раце, потенцираше Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова предупреди дека во ваквите пазари може да се случи да останеме без претседател, па претседателот на Собранието да глуми претседател и дека токму поради тоа бојкотот на изборите не е решение.

Лошо е цела власт да е на едно место. Лошо е и законодавната и извршната и судската власт да бидат контролирани од една партија, рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This