April 26, 2024, 10:54 am

ДВАЈЦА ОД ПОВPЕДЕНИТЕ ВО ЖИВОТО3АГРО3УВАЧКА СОСТОЈБА:Во „8 Септември“ двајца пациенти се во животозагpозувачка состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Градската општа болница „8 Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несpеќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се на респираторна машина и се во живото3агpо3увачка состојба.

Тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг, информираат од Министерство за здравство.

Оттаму велат дека во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат шест пациенти, од кои четири на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во кpитична состојба.

Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба, еден пациент од неврохирургија и една пациентка (трудницата) која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се исто така во стабилна здравствена состојба.

Во стабилна и во добра здравствената состојба е и пациентот кој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово, се наведува во нивното соопштение.

ИЗВОР: МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This