ДВАЈЦА СОВЕТНИЦИ НА ЗАЕВ НА ЦРНА ЛИСТА НА САД: Љубе и Хоџа ќе го советуваат Заев, а се на црна листа на САД – едниот за тероризам, другиот за воени злосторства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов скандал ја тресе владата на СДСМ и Зоран Заев. Двајца од неговите советници се луѓе кои САД ги имаат ставено на црна лист за влез во државата, и двајцата, и Џезаир Шакири – Хоџа и Љубе Бошкоски се на црната листа уште од 2001 година, но тоа не му пречи на Заев.

Командантот Хоџа кој беше поврзан со вооружени групи во Танушевци, учесник во воениот конфликт од 2001 година, а ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, на 24 јули 2001 година е ставен на македонската црна листа на граѓани, а на 27 јули е ставен и на црната листата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, ќе го советува Зоран Заев. Додека Љубе Бошковски како единствен Македонец се наоѓа на црната листа поради случајот во Љуботен од 2001 година. Но, и покрај ослободителната пресуда на Бошковски не му помогна бившиот американски претседател Обама да го тргне од црната листа, па така и за него и за Хоџа е забранет е влез во САД.


При самото поставување јавноста изрази негодување и за назначувањето на Љубе Бошкоски, за советник за странски инвестиции, за кого Заев кажа дека неформално ќе му биде и советник за соработка со десничарските партии, па логично се постави прашањето, дали Бошкоски е платен со државни пари за вршење на партиски обврски. Истиот случај го имаме и сега со назначувањето на Шакири, кој ќе биде советник на Заев за безбедност и борба против екстремизам, истиот оваа позиција ќе ја извршува со средно образование и ќе прима плата од 36.000 денари.

Имајќи ги во предвид нивните стручни не (квалификации) јавноста се погласно се прашува има ли реална потреба од нивното ангажирање или е само давање функција заради политички заслуги?


Покрај тоа што се поставува прашањето колку беше транспарентен изборот на Бошковски и Хоџа за советник за привлекување на странски инвестиции и советник за борба со радикализмот, се поставува прашањето колку овие лица имаат искуство и колку ќе може овие лица кои се на црната листа да ја вршат својата функција за кои се назначени?

Дека Зоран Заев враќа стари долгови и ги вдомува луѓето кои му завршиле некоја незаконска работа, го потврдува и Фејсбук статусот на Хоџа, во кој тој пишува дека со Заев имале политички договор.

-Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми, пишува командант Хоџа.

Откако оваа вест излезе во јавноста, граѓаните се повеќе се разочарани и револтирани. Нивниот револт е оправдан бидејќи овие лица според американските власти црната листа претставува потенцијална опасност за националната безбедност и интересите на државата, додека во Република Македонија се наградуваат и вдомуваат во државните институции.

Владата на СДСМ после реакциите и прозивките од јавноста собра храброст и го потврди ангажманот на Џезаир Шаќири -Командант Хоџа. Бошковски и Шаќири-Хоџа кои се производ на едно политичко пазарење, вкупно месечно ќе земаат плата од 86.000 денари, пари кои ќе се плаќаат од граѓаните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This