ДВА ДЕНА ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДЕ СООПШТЕНА ПРЕСУДАТА: На 17-ти октомври ќе биде соопштена пресудата за терористите од „Диво Насеље“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17 октомври ќе биде соопштена пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година.

На денешното последно судско рочиште обвинетите и нивните адвокати ги изнесуваа завршните зборови.

Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи за висината на казната на 37-мина обвинети за тероризам и за терористичка организација.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This