ДВА КОРДОНИ ПОЛИЦИЈА ГИ ЧУВААТ ПРИЛЕПСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ: Прилепчани вечерва протестираа пред домот на Хари Локвенец и Кети Смилеска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број на демонстратни кои вечерва протестираа во Прилеп се упатија пред домовите на пратениците Хари Локвенец и Кети Смилевска, револтирани од тоа што овие двајца нивни сограѓани гласаа за воведување на двојазичност во нивниот град, но и на територија на цела држава

 

Гневот на граѓаните полека но сигурно ескалира. По протестите на граѓаните пред домот на пратеникот на СДСМ, Панче Иванов од Велес вечерва се одржуваат протести и во Прилеп. Протестите се насочени кон пратениците кои гласа за изгласување на законот за двојазичност. Во овие моменти се одржуваат протести пред домовите на пратениците на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска и Хари Локвенец. Протестите ги организира Македонското Патриотско Здружение, Пере Тошев од Прилеп.

Полицијата е во огромно присуство пред домовите на пратениците. Покрај домовите на пратениците од СДСМ во Прилеп полициско присуство има и пред домовите на другите пратеници на СДСМ, а зголемено присуство на полицијата има и пред партиското седиште на СДСМ.

https://www.facebook.com/tosevpere/posts/413659005726824

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This