ДВА МЕСЕЦИ ПРEД ИЗБОРИТЕ: Метју Палмер изјaвил дека Албин Курти и Иса Мустафа ќе формираат влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МИнистерот за нaдворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ,изјави дека американскиот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер уште пред два месеци изјавил дека очекува Аљбин Курти и Иса Мустафа да формираат влада.

Дачиќ додал дека Американците и самите признале дека ќе биде сложен задача да се справат со Самоопределување, партија која се залага за Голема Албанија, пренесува Бета.

„Едно е што зборува опозицијата, друго е што ќе преземат по одредени прашања кога ќе дојдат на власт“, изјави Дачиќ додавајќи дека Србија ќе соработува со новата влада без разлика дали и се допаѓа некоја политичка партија или не.

Според изборните резултати на изборите во Косово убедлива победа однесоа Самоопределување, на Аљбин Курти со ocвоени 25,79 отсто, додека Демократскиот сојуз на Косово оcвои 25,05 отсто од гласовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This