ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПЛАТИ ЗА ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ: СДСМ да одговори дали РЕК ОСЛОМЕЈ и ЕЛЕМ за овие 46 партиски вработувања месечно исплаќаат 1.815.076 денари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев го урнисува државниот систем во нашата држава. Паралелно додека ги распродава националните и државните интереси, грубо ја партизира државата, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е човекот кој ја зароби Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој на дело ги реализира политиките што ги промовираше Курто Дудуш кој ги изедначи личната карта и членската книшка на СДСМ. Вчера објавивме скандал каде јасно се гледа дека Зоран Заев преку кафеанските списоци на СДСМ вработил 46 луѓе од СДСМ од Кичево во државната институција ЕЛЕМ односно во РЕК ОСЛОМЕЈ. Луѓето од списоците за вработување во РЕК ОСЛОМЕЈ составени на 7-ми април, веќе се на своите позиции и земаат плата на грбот на граѓаните. Секој месец граѓаните ги исплаќаат партиските членови на СДСМ, на кои Заев им должи од пред изборите. Уште еднаш ги прашуваме СДСМ, дали РЕК ОСЛОМЕЈ и ЕЛЕМ за овие 46 партиски вработувања месечно исплаќаат 1.815.076 денари?, прашува Арсовски.

Тој прашува и дали секој месец граѓаните кои Зоран Заев и СДСМ ги уништија и ги фрлија во сиромаштија, плаќаат од нивниот џеб 1.815.076 денари за плати на овие луѓе кои се вработувани директно од кафеаните низ Кичево?

-Ова ли е животот кој што го ветуваа СДСМ пред изборите? СДСМ и Зоран Заев да не ги избегнуваат одговорите. Јасно и гласно да кажат, дали сето ова е вистина и е точно? Очигледно живот дојде само за членовите на СДСМ. Очигледно во Владата на Заев не е потребна никаква професионалност, никакво образование и искуство за да бидеш вработен било каде. Впрочем таквите примери се неговите советници кои исто така живеат на грбот на граѓаните и земаат огромни паушали. Наместо 500 евра плата за сите граѓани, наместо 100.000 денари плата за докторите, наместо живот за сите како што ветуваа, СДСМ вработува само членови и луѓе на кои што им должи од пред изборите, вели партискиот портпарол.

Арсовски нагласува дека народот не е должен да ги плаќа извршителите, војниците и послушниците на Зоран Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.

Ова лудило мора да престане, а овој криминален картел мора да падне и да се разбие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This