April 20, 2024, 12:04 am

ДВЕТЕ НАЈМОЌНИ ЛИМУЗИНИ НА ЕДНО МЕСТО: „Ѕверот“ на Трамп и „Аурус“ на Путин се сретнаа во Хелсинки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На состанокот со претседателот на САД, Доналд Трамп, што се одржува денеска во Хелсинки, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во својата нова лимузина, која првпат ја користи при посета на друга држава.

Лимузината „Аурус” е произведена во Русија специјално за шефот на државата. Јавноста првпат ја виде на денот на инаугурацијата на Путин на 7 мај.

Трамп, исто како и Путин, при патувањата користи свое посебно возило – оклопниот „Кадилак седан“, популарно наречен „Ѕвер”. И двете возила денеска се паркирани пред Председателската палата во Хелсинки.

Путин при неодамнешната посета на Австрија пристигна во лимузина од марката „Мерцедес“, за што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тогаш појасни дека новите руски лимузини се уште не се достапни.

Финскиот весник „Илта-Саномат” претходно објави дека новата руска машина пристигнала во Финска минатата седмица.

Претседателите на Русија и САД се единствени шефови на држави во светот кои не користат автомобили кои ги обезбедуваат земјите-домаќини на посетите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This