April 26, 2024, 10:02 pm

Две години се подготвувавме за разводот: Емина и Мустафа сега се како брат и сестра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведоа на 10 јуни, после 10 години брак, а за оваа формалност им требало помалку од половина час.

-Кризата долго траеше. Тоа го чувавме, најмногу поради децата. Колку требаше да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјавила Емина во емисијата Амиџи шоу, зборувајќи за љубовта која таа и Мустафа некогаш ја имале.

-Денот на разводот беше катастрофален за мене. За тоа се подготовував 2 години. Многу плачев, а исто и тој. Тагуваше, не плачеше, ама тагуваше-открила таа.

-Судијата рече: Те молам престани да плачеш, бидејќи ќе го одложам судењето, како да се каете. Како брат и сестра сме! Тука видов дека љубовта тотално се изгаснала – признала јавно пејачката.

За новата љубов не зборувала многу, но сепак со насмевка објаснила дека во нејзиниот живот постои некој.

-Точно е. Го запознав тој господин и сега сме во процес на запознавање. Пред еден-два месеца спонтано го запознав- рекла Емина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This