April 16, 2024, 10:19 pm

ДВЕ ДЕЦЕНИИ БЕЗ ПАРЛАМЕНТАРНА ПОБЕДА: Двоецот Заев-Шекеринска никогаш не победиле на избори, нема ни сега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните изјави на премиерот кој не сака да си замине водат само кон едно – дека европските практики за европска Македонија ќе останат како отфрлена рака, прогласени за непростоен предлог од опозицијата. Во основа на ова, сепак, лежи статистиката дека Заев и Шекеринска се подготвуваат на шести изборен пораз и бегаат од предлогот кандидатот за мандатар да не биде на праатеничката листа за да му обезбедат на Заев можност да се сокрие зад пратеничкиот имунитет.

 

Двојката Заев – Шекеринска по 14 години порази на парламентарните избори се подготвуваат за уште еден пораз, а политичкиот опстанок во следните 4 години може да им го обезбеди само собраниската фотелја.

Панични изјави
Една од малкуте, ако не и единствена, изјава на премиерот во заминување во врска со предлогот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за воспоставување на, како што го велат во Европа, „шпицен кандидат“, односно кандидат за мандатар за состав на следната влада по изборите на 12 април следната година, беше дадена пред околу еден месец од собраниската говорница.

И да, јас ќе бидам кандидат за премиер. Дали ќе бидам ‘шпицен’ кандидат? Ќе бидам и центарфор и лево и десно крило. Ќе играм на сите позиции. Затоа што во вакви околности, на вакви политики, на храбри политики, интегрирана држава, пријател со сите соседи, земја поддржана од целиот свет, со економски политики што растат, имаме сериозно очекување да имаме убава разлика и победа за да добиеме уште еден цел мандат, додаде Заев.

Сите порази на СДСМ
На првите парламентарни избори, одржани 1990 година, Социјалдемократскиот сојуз, тогаш сè уште под името СКМ-ПДП, ги добива изборите во првиот круг, но ги губи во вториот изборен круг.

СДСМ со коалицијата Сојуз за Македонија ја доби довербата од граѓаните и на вторите парламентарни избори во 1994 година.

На парламентарните избори во 1998 година СДСМ освои 27 пратенички места како најголема опозициска партија во Собранието на Република Македонија

На изборите во 2002 година коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ доби 60 мандати и е носител на новата Влада.

На парламентарните избори во 2006 коалицијата За Македонија заедно предводена од СДСМ доби 32 пратенички места.

На предвремените парламентарни избори, што за првпат од осамостојувањето на Република Македонија, сега Република Северна Македонија. се одржаа на 1 јуни 2008 година, коалицијата Сонце – Коалиција за Европа, предводена од СДСМ доби 27 пратенички мандати од граѓаните.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2011 година покажуваат добиени 42 мандата од СДСМ и коалицијата.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2014 покажуваат дека СДСМ и коалициските партнери добиле 34 мандати, како најголема опозициска партија.

Победник на предвременти парламентарни избори во Македонија во 2016 година е коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со освоени 16.240 гласови повеќе од коалицијата која ја предводеше СДСМ.

Безидејноста и стравот од пораз на Заев се огледаат и во изјавата дека е убеден дека на изборите ќе победи со разлика од 60.000 до 120.000 гласачи.

Тоа ќе се случи не затоа што сум прогнозер, туку заради вашите политики, а заради искрените, чесните, одговорните и храбрите политики на оваа Влада, заради слободата и демократијата што ја овозможивме. Ако ги гледате сите тие анкети и анализи, дури и тие на вашите институти, 100 проценти“, оцени премиерот Заев, и истакна дека голем број гласачи се „ежат од помислата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт поради нивната покажана ароганција, дрскост, безобразие, закана. Кому му треба тоа? Луѓето сакаат транспарентност, одговорност, прифаќање на одговорност. Нашите анкети покажуваат дека победуваме, вашите не знам што ви покажуваат. Јас ви покажувам какви ќе бидат резултатите на изборите, рече од собраниската говорница премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

А дека тоа не го кажуваат анкетите, доказ е и вчерашната штелувана анкета на М-проспект, на која победата на Заев и СДСМ е статистичка грешка.

 

Република

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This