Две необјасниви трагедии: Влатко Стефановски се огласи во медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влатко Стефановски (61) во период од само една година се соочи со две, како што самиот вели, за него необјасниви семејни трагедии. По загубата на сопругата Гордана, минатиот месец по кратко боледување почина и неговиот брат, еден од најзначајните македонски драматурзи Горан Стефановски. Легендарниот македонски гитарист, како и многупати досега, утеха најде во музиката. Ова го открива за хрватското издание на магазинот „Глорија“ во очи на неговиот вечерашен концерт во Загреб.

Сопругата Гордана која му беше животна партнерка и најголема поддршка изминативе три и пол децении, почина лани. Во февруари годинава, Влатко даде ексклузивно интервју за „Женски магазин“, меѓу другото зборувајќи за тој исклучително тежок период на приватен план.

– Пред една и пол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно, и со тоа се занимававме подолго време. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми – ни изјави Стефановски.

За „Глорија“, Влатко нагласува дека мора да остане силен поради децата – ќерката Ана (30) која во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност и синот Јан (18), кој годинава матурираше.

Смртта не неговиот брат го затекна на турнеја во Австралија. Оттогаш, Стефановски нема објавено ниту една фотографија или статус на социјалните мрежи.
Извор:женскимагазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This