ДВЕ НОВОРОДЕНЧИЊА ПОЧИНАА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Четиримесечно бебе од Гевгелија и новороденче од Гостивар денес починаа на Детска Клиника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четиримесечно новороденче од Гевгелија со респираторен инфект и тежок малформативен синдром со засегнувања на повеќе органи – срце, белите дробови, почина денеска на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести.

Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, која рече дека и новороденче од Гостивар донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и кое веднаш било ставено на респиратор починало денеска.

– Ова е терциерна установа. Сите најтешки случаи доаѓаат тука. Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење не секогаш можеме се да излечиме. Се случува тешки деца и да починат. Тоа се тешки деца кои престојуваат во интензивна нега на машини. Голем дел од нив преживуваат со овие можности и со несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш тоа е возможно, посочи Ставриќ.

Таа рече дека новороденчето од Гевгелија од самото раѓање е донесено на Клиника со проблеми, престојувало на интензивна и тогаш стартно, било на респиратор. Со подобрување на состојбата, посочи таа, е пренесено на Одделот за интензивна нега.

– Основниот проблем е што преградите во носот биле затворени и било отежнато дишењето. Тоа е решено, меѓутоа по стабилизирање на состојбата детето е пуштено дома. Има уште еден краткотраен престој повторно поради некоја цијаногена криза која ја направило. Кратко престојувало на Клиниката во јуни и на 28 август била третата негова хоспитализација. Донесено е со еден респираторен инфект, значи при самата постапка при прием е дојдено до влошување на состојбата поради што веднаш е префрлено на Одделот за интензивна нега и терапија каде е поставено на респиратор, истакна Ставриќ.

Посочи дека помалку од два дена новороденчето имало престој во тешка состојба, за цело време на респиратор, но, како што појасни, и покрај сите заложби и терапевски процедури кои се преземени, сепак завршило со лош исход.

– Станува збор за синдром кој и во литературата има висока смртност. Обично овие деца не ни преживуваат шест месеци, а многу ретко година дена. Така што станува збор за директна последица на инфектот која доведе до ваков исход. Тоа е белодробен инфект, бронхиолит, како бронхит, третирано е во матичната установа. Матичниот доктор неколку дена го лекувал со антибиотици, со инхалации и поради неподобрување е донесено со возило на Итна медицинска помош на нашата Клиника, рече Ставриќ.

Потенцира дека од самото раѓање детето е познато на Одделот и е дијагностицирано, вклучени биле тим генетичари, ендокринолози кои поставиле сомнение за овој синдром.

Поради тоа што ризикот оваа малформација да се појави и кај идните деца на мајката, на која починатото и било првороденче, Ставриќ рече дека и стојат на располагање за консултации.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека наскоро ќе биде пуштена во употреба новата интензивна нега на Клиниката.

– Треба да се завршат некои технички процедури за да биде пуштена. Од кога сум дојдена на оваа функција инсистирам колку што може побрзо да се завршат тие процедури за да можеме да ја пуштиме. За две до три недели се надевам дека ќе ја користиме новата интензивна нега, додаде Ставриќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This