ДВЕ ПАРТИИ БАРААТ ОСТАВКА ОД ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕ: „БЕСА“ и Алијанса за Албанците бараат итна оставка од Заев и владата во Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Македонија, две политички партии побараа итна оставка на Владата на Заев и формирање техничка влада по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.

Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка.

Одма да се формира експертска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговараат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството на Груевски не е прв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. Не е во бегство само тој што не се обидел. – рече Села на денешната прес конференција.

Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.

Слични барања испорачаа и од Беса на Касами, од каде рекоа дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска аместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.

Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години. – рече пратеникот Фадил Зендели од Беса на Села.

Партиите најавија дека во случај Заев да не поднесе оставка ќе поднесат интерпелација за министерот Спасовски и барање за гласање недоверба на Владата на Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This