ДВЕ ПРИФАТЕНИ И ТРИ ОДБИЕНИ ТУЖБИ: Прифатени две тужби по една од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, три одбиени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд одби три од вкупно пет тужби по решенијата на ДИК, и прифати две, по една на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ

upraven-sud-2-640x392

Тужбите кои Управниот Суд ги отфрли, а се поднесени од СДСМ се однесуваат на избирачките места 1978 во Тетово, 2025 во општина Теарце, 2010 во општина Теарце, додека потврдена е тужбата за избирачкото место 2011 исто така во општина Теарце, каде спорен беше фамозниот „кочан“. Имено, на ова избирачко место спорно беше тоа што едно избирачко ливче по грешка било откинато заедно со делот каде што е запишан и серискиот број на избирачкото ливче кое се наоѓа на кочанот.

На ова избирачко место гласаат вкупно 714 гласачи, а на изборите на 11-ти декември излегле 56.58% од гласачите или 404 гласачи.

Единствената тужба која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше на одлуката на ДИК за прегласување на избирачкото место 0396/1 во општина Гостивар. На ова избирачко место беше спорено правото за гласање на Фатиме Сулејмани инаку граѓанин на Косово со двојно државјанство.

Од партијата Беса тврдеа дека некој гласал во нејзино име пред таа да дојде на гласачкото место, но се потврди дека и Беса и Фатиме пробале да ја изиграат избирачката комисија.

Со одлуката на судот, нема да има прегласување во Гостивар.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This