ДВЕ HECPEЌИ ВО 5 МЕСЕЦИ: ЕУ ги приземји авионите Боинг 737 Макс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ соопшти дека го затвора Европското небо за авионите од типот Боинг 737 Макс после две тpaгични kaтаcтpoфи со вакви модели во период од 5 месеци. Овој потег на ЕУ дојде неколку часа откако Франција, Германија и други поголеми земји соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за ваквите авиони.

Европската агенција за безбедност во авио-сообраќајот (ЕАСА) испрати директива да се „суспендираат сите авио операции“ за моделите Боинг 737 Макс, после трагедијата во Етиопија во неделата, која се случи неколку месеци после авионската нecpеќа во Индонезија.

ЕАСА соопшти дека ги суспендира сите летови на Боинг 737-8 Макс и Боинг 737-9 Макс во Европа. Од Агенцијата додаваат дека иако се уште се истражуваат причините за нecреќата во Индонезија, не може да се исклучи дека слични причини придонеле и за нecреќата во Етиопија.

„Според достапните информации, ЕАСА смета дека се неопходни дополнителни мерки за да се осигура безбедноста на двата модели“, додаваат од агенцијата.

Барање за aатвopање на американскиот воздушен простор за ваквите авиони пратија и неколку американски сенатори. Претходно истото го сторија и Индија и Кина.

Од компанијата Боинг соопштија дека имаат „целосна доверба во безбедноста на „Макс“ моделите“, искажувајќи разбирање за одлуките на регулаторните агенции и патниците кои донеле одлуки согласно нивните чувства во дадениот момент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This