April 20, 2024, 12:56 pm

ДВИЖЕЊЕ #БОЈКОТИРАМ:ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОКРЕНУВАЊЕ ИНИЦИЈАТИВА ОД 150.000 ПОТПИСИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, ДОСТАВЕН ВО СОБРАНИЕТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

10 јануари 2019 година, Скопје, Македонија – 130 граѓани со потпис, на 24 декември 2018 година до Собранието поднесоа предлог за покренување иницијатива за распишување на задолжителен референдум против промена на името на државата на целата теритроија на Република Македонија.

Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија на Собранието на седниците одржани на 28 декември 2018 година утврдија мислење дека предлогот не е уреден бидејќи 130-те потписи не биле дадени пред надлежниот орган за водење на избиричкиот список.

Овластениот предлагач го прифати мислењето со образложение дека предлогот ќе биде уреден и повторно доставен до Собранието.

На барање до Државната изборна комисија за согласност за собирање на потписи пред подрачните одделенија надлежни за водење на избирачкиот список, Движењето #Бојкотирам на 8 јануари 2019 година спроведе акција за собирање на потписи од најмалку 100 граѓани. Во подрачните одделенија на Државната изборна комисија во Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош, Прилеп и Гевгелија од 8.30-16.30 часот на 8 јануари 2019 година беа собрани 179 потписи од граѓани.

Вчера на 9 јануари 2019 година, овластениот предлагач во име на групата од 179 граѓани го поднесе во архивата на Собранието, Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија за прашањето “Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“

Движењето #Бојкотирам бара Собранието да го прекине усвојувањето на амандманите за промена на името на државата до конечност на резултатите од референдум кој би требало да се одржи јуни-јули 2019 година.

Движењето #Бојкотирам изразува јавна благодарност на сите потписници на предлогот за покренување граѓанска иницијатива за задолижтелен референдум и на оние кои сакаа да се потпишат но не успеаја тоа да го сторам на 8 јануари од 8.30-16.30 часот.

За почетокот и начинот на собирањето на 150.000 потписи во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, јавноста ќе биде дополнително известена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This