April 20, 2024, 11:22 am

ДВОЛИЧНОСТА НА БРИСЕЛ ИЗЛЕГУВА НА ПОВРШИНА: За Брисел во 2009 радиодифузната такса беше услов за независна МРТВ, сега не им е важно што ќе се укине

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во извештајот за Македонија во 2009 година Брисел сугерира дека е неопходно ослободување на јавниот радиодифузен сервис од зависноста поради финансирањето од државниот буџет, и ја критикува државата оти се уште не го утврдила системот за собирање на радиодифузната такса, пишува „Дневник“.

fwogkoerkaho

Седум години подоцна, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев е убеден дека со нејзиното укинување и враќање на финансирањето со буџетски пари и други дополнителни средства, „ќе ја направи Македонската радио- телевизија (МРТВ) професионален сервис на сите граѓани и силен идентитетски столб на Република Македонија“ – како што стои во владината програма.

А Брисел уште во 2009 бил јасен дека се додека не се утврди систем на собирање на радиодифузната такса, одржливоста и финансиската независност на МРТВ нема да биде обезбедена.

– Системот за собирање на радиодифузната такса с` уште не е утврден. Поради тоа одржливоста и финансиската независност на јавниот радиодифузен сервис не е обезбедена. Законските одредби со кои се отвора можност за поведување стечајна постапка против јавниот радиодифузен сервис се уште е во сила. Советот за радиодифузија и на јавниот радиодифузен сервис и понатаму се предмет на политичко мешање, делумно поради нивната зависност на финансирање од државниот буџет, се вели во извештајот од 2009 година.

Дали седум години подоцна Европската комисија стои на истиот став дека ако нема радиодифузна такса, независноста на МРТВ е загрозена?

Седум години подоцна „пу, пу, не важи“

Од ЕK за „Дневник“ го заобиколија своето предупредување дадено во 2009, и сега за нив не е важна радиодифузната такса, ами само да се обезбеди објективно известување на МРТВ. А како е тоа можно кога допрва се доведува во прашање нејзината независност бидејќи ќе се финансира од буџетот – нема одговор.

– Ние постојано ја нагласуваме потребата да ~ се обезбеди на јавноста пристап до објективно и точно известување, како и различни гледишта преку мејнсрим-медиумите, особено на јавниот радиодифузен сервис. Во овој поглед, Kомисијата упатува на релевантните итни реформски приоритети, како и на нашите препораки во годишниот извештај за 2016 година – вели за „Дневник“ портпаролката Маја Kоцијанчич.

Во извештајот пак од 2016 година, конкретно за МРТВ се смета дека е охрабрувачки чекор тоа што се постави уредник на предлог на опозицијата сто дена пред изборите, а за во иднина се препорачува „да се покажат видливи резултати од реформите кои се спроведуваат во рамките на јавниот радиодифузен сервис, со цел да се реши недостигот од политичка независност и недостигот од балансирано известување“.

Објективна МРТВ, но зависна од буџетот

Што се однесува, пак, до таканаречените итни реформски приоритети, наметнати од Брисел за време на пржинските разговори во јуни 2015 година, се препорачува да се обезбедат „докази дека се спроведуваат тековни политики во насока на организациски и едукативни реформи, со цел справување со критиките во врска со недостигот од политичка независност и балансирано известување“.

Со други зборови, радиодифузната такса како сериозна сугестија на Брисел за обезбедување на независноста на МРТВ изчезнува од пржинските договори наваму. Вештото избегнување на Kомисијата да објасни зошто сега размислува поинаку и тоа да го аргументира соодветно, е доказ за нејзините двојни аршини.

Ако пред да биде регулирана радиодифузната такса била нагласена нејзината неопходност за МРТВ да не биде на товар на буџетот, зошто сега, кога се предлага таа да се плаќа од државата, за ЕK терминот такса е комплетно неважен?

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This