ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ СО АЛБАНСКИ МОТИВИ: Народната банка ќе прави детална анализа на Законот за употреба на јазиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната банка ќе прави детална анализа на Законот за употреба на јазиците за да констатира дали сега, по неговото стапување во сила, ќе треба да има промена кај банкнотите. Законот предвидува книжните и кованите пари да содржат симболи и на културното наследство на Албанците, пренесува Алсат.

Народна банка:

По објавувањето на Законот за употреба на јазиците во Службен весник, со кој во член 8 се предвидува дека ‘книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо’, НБРМ отпочнува со детална анализа со цел утврдување какви активности ќе треба да преземе како институција и во кој рок.“

Инаку, на книжните пари кои се во употреба, банкнотата од 200 денари која првпат беше издадена во декември 2014 година има мотиви од уметнички елементи од фасадата на Шарената џамија во Тетово и мермерни подни плочи со цветни дизајни на Исак-беговата џамија во Битола. Банкнотата од 100 денари која е издадена во 1996 година на едната страна содржи мотиви од традиционална албанска куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This