Двојни аршини на власта: Хронично болните одат на работа, пратениците ќе работат онлајн од дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе неколку дена власта се обидува по скратена постапка да протурка промена на Деловникот на Собранието со која би се овозможило пратениците своите обврски да ги извршуваат од дома, односно Собранието да работи преку онлајн седници. Предлогот, кој го поднесе Претседателот на Парламентот Талат Џафери, предвидува дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто би се овозможило онлајн вклучување на пратеници со Ковид-19 или во самоизолација.

Според членот 69 од Уставот на Република Македонија, на седниците на парламентот треба да присуствува мнозинство од пратениците, што го прави овој предлог за онлајн работа неуставен. Уште повеќе, што власта се обидува можноста за онлајн работа да ја овозможи преку промена на Деловникот, со што Деловникот го става над Уставот. За промена, пак, на Деловникот, потребно е двотретинско мнозинство, кое власта го нема, па се обидува истиот да го промени по скратена постапка.

Настрана правниот аспект, сосема неетички е пратениците да работат од дома, додека хронично болните, кај кои постои висок ризик од компликации доколку заболат од ковид-19, не се ослободени од физичко присуство при изршување на работните обврски.

Здруженијата на пациенти „Борка”, „Живот со предизвици”, за помош и поддршка на лицата со мултиплекс склероза, за хронична миелоична леукемија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, „Пеперутка” и Алијанса на пациентски организации – АПО, побараа од Министерството за здравство да објави листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од ковид-19 и тие дијагнози соодветно да се ослободат и понатаму од работа. Министерот Филипче на ова одговори дека ослободени од работа ќе бидат само лицата за кои специјалист ќе утврди дека им е влошена здравствената состојба.

Оваа иницијатива на власта, која толку упорно се обидуваат да ја спроведат, не е толку поради здравјето на пратениците, туку поради немањето кворум за гласање во Собранието. Владината коалиција, која има лабаво мнозинство од 62 пратеници и нема кворум за работа и не може да овозможи ефикасно работење на највисокиот законодавен орган на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This