Двajцa мaжи coвлaдaлe нaпaѓaч иaкo билe пoвpeдeни oд нeгo co ocтap пpeдмeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца мажи успеале да совладат 44 годишник кој претходно прво нападнал и ограбил 69 годишник, па со нож ги повредил и нив.  Настанот се случил вчера утро на улицата „29 Ноември” во Тетово.

– Полициски службеници од Полициска станица Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(44) од Тетово затоа што околу 08.00 часот од Х.Н.(69) од Тетово одзел пари и со остар предмет повредил две лица кои го спречиле да побегне. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Полицијата вчера бележи и приведување поради физички напад на сопругот над сопругата во Камењане кој агресивно се однесувал и кон нивните деца. Од Тетово 49 годишна жена пријавила дека таа дека таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од лице со иницијали А.Е., за што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This