- Advertisement -
На 30.07.2021 околу 00.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Богомила – с.Стари Град, пред „Теовски мост”, општина Чашка, А.М.(18) од с.Мартолци, општина Чашка, управувајќи мопед „лифан” со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата, А.М. се стекнал со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.