ДЕБАКЛ НА ДЕМОКРАТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Опозицијата во Србија доживеа дебакл, дали Шилегов беше малерот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот пораз досега за таканаречената Жолта Опозиција на локалните избори во Белград.

На локалните избори во градот Белград, убедливо победи СНС на Александар Вучиќ која освои 45 проценти од гласовите, Драга Џилас 18 проценти, Александар Шапич 9.3 проценти и СПС само 6.1 процент од гласовите.

Само пред неколку дена, опозицискиот медиум Денес објави истражување на јавното мислење на агенцијата Партнер во кое се тврдеше дека Џилас и Шапиш убедливо ќе победат. Во истражувањето се предвидуваше дека Александар Шапиќ убедливо ќе победи во Нови Београд со 26 проценти, а Драган Џилас би добил 30 проценти од гласовите.

Опозицијата во Србија наместо да добие некој глас плус од претходните избори, резултатите секои наредни избори се полоши. Односно минатата година Вучич на претседателските избори исто така убедливо победи во Белград, а Саша Јанкович кој го поддржи Џилас имаше 24.1 процент од гласовите. Џилас пак на овие избори доби 5.3 проценти од гласовите помалце.

Во Македонија пак се шират гласини дека причината за убедливиот пораз на опозицијата во Србија е посетата и поддршката која ја доби опозицијата од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шегата на страна ова е голем позитивен сигнал за претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговата партија СНС дека политиките кој тој ги води се широко прифатени од народните маси. Имено само неколку недели пред изборите за градоначалник на Белград, Македонија ја изгуби трката за две големи странски инвестиции токму со Република Србија. Очигледно граѓаните на Србија дорбо ги оценуваат политиките на Вучич во однос на привлекување на странски инвестиции.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This