ДЕБАКЛ НА СДСМ: Власта на референдумот извади само 190 илјади гласачи, Заев за година ипол загубил 240 илјади гласови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања во последната своја прес конференција целосно ја урниса позицијата на СДСМ, истакнувајќи дека на референдумот за промена на името на државата гласале неверојатни 250 илјади гласачи.

– Тие гласаа во максимален можен број во кој во моментов ги има во Македонија. Тоа го гледам споредбено со сите други изборни циклуси. Ако ги земеме локалните избори, секогаш на локалните избори излезноста е најголема. Албанците имаат нешто поголема излезност отколку на локалните избори во 2017 година. Според општините каде што Албанците се во доминантно мнозинство околу 270.000, процената е некаде околу 250.000 дека гласале вчера, но тоа треба да се потврди, вели Османи.

Понатаму математиката вели дека бројката на останати малцинства кои гласале за промена на името се движи помеѓу 100 и 130 илјади во кои спаѓаат припадници на ромската, турската, српската и другите помали заедници во Македонија, односно членови и симпатизери на другите партии на етничките малцинства.

Во своето вечерашно гостување во телевизија 1 во емисијата Студио 1, Петар Богојески кој политичката ,,кариера” ја дочжи на неколку западни амбасади  излезе со податок дека наводно 90 илјади членови на ВМРО-ДПМНЕ го дале својот глас за Северна на вчерашниот референдум.

Доколку пак направиме проста математичка операција и собереме гореспоменатите бројќи и ги одземеме од излезените 660 илјади гласачи ќе дојдеме до фрапантна бројка од 190 илјади гласови на СДСМ. Доколку земе во предвид дека СДСМ на парламентарните избори на 11 декември освои 430 илјади гласови, бројката од 190 илјади гласови освоени на референдумот, претставува пад од катастрофални 240 илјади гласови за СДСМ.

Очигледно е дека аферите и скандалите, тендерите и грантовите, како и катастрофалниот капитулантски договор за промена на името си го направија своето, за владата на Заев сега да се растура како кула од карти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This