ДЕБАКЛ НА СДС ВО ГОРНО НЕРЕЗИ: Триото Стефан Богоев, Петре Шилегов и Мухамед Зекири непријатно изненадени од граѓаните на Нерези!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триото Стефан Богоев, Петре Шилегов и Мухамед Зекири непријатно изненадени од граѓаните на Нерези


Не можејки да се помират кандидатите за градоначалници на Скопје, Шилегов и на Карпош, Богоев што Стевче Јакимовски ужива огромен углед меѓу граѓаните на Нерези, истите се обиделе да организираат средба преку Мухамед Зекири. Популарниот Муки мислејќи дека е голем авторитет нашол еден вработен во АРМ и еден во царина. И двете лица се членови на семејството Салиу. Знаејќи дека немаат поддршка од граѓаните за таа средба отишле околу 13:30 часот пред џамијата во Нерези кога верниците од муслиманска вероисповест излегуваат од џамијата, за да наместатат спонтано поздравување со овие граѓани пред камерите. Но откако било јавено во џамијата дека оваа група ги чека надвор излегле неколку авторитативни граѓани и им објасниле дека не е во ред да ја политизираат џамијата и дека граѓаните се против таква активност.

Тројката Шилегов, Богоев и Муки заедно со своите организатори потоа се повлекле пред маркетот Кипер и тука чекале да видат кој ќе наиде за да можат со некого да се сретнат.
Срамно било да се гледа како луѓето ѕиркаат од сокаците и одат во спротивна насока само да не се сретнат со нив дури и оние чиишто возила биле паркирани во близина на маркетот Кипер, вртеле кругови само да не се сретнат со луѓето што тие не ги поддржуваат.

Да потсетиме Стевче Јакимовски во изминатите денови се сретна со преку 200 граѓани од овој дел на Нерези. Со ова граѓаните од Нерези поготово од албанска националност јасно кажуваат дека ќе го дадат гласот за Стевче Јакимовски затоа што во изминатиот период имале одлична соработка, им ги решил сите проблеми, направил две училишта и вработил многу луѓе од овој дел на општината и македонци и албанци.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This