March 29, 2024, 10:46 am

Дебарчанец од САД дoниpa 50 тaблeти зa yчeници од ООУ „Пенестија“ oд coциjaлни ceмeјcтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното општинско училиште „Пенестија“ во Дебар, доби 50 таблети, донација на Рамиз Маќелара, дебранец кој живее и работи во САД.

– Таблетите се наменети за ученици кои се од семејства со потешка социо – економска состојба, како и за ученци во чии семејства има повеќе од еден ученик, а кои не се во можност да обезбедат компјутери за сите. Во нашето училиште настава на македонски и албански јазик следат 980 ученици а според нашата евиденција 120 ученици немаат соодветен апарат преку кој може да ја седат настава онлајн, изјави за МИА, Ајет Мулареџа, директор.

Додава дека ова е многу значајна и добредојдена донација, во време кога наставата, поради пандемијата со Ковид-19 се одвива од далечина и која секако ќе ќе погне многу за успешно одвивање на истата.

-Многу сме благодарни на донаторот, господинот Маќелара, кој искрено ќе ги израдува овие деца. Веќе имаме најава за втора донација на таблети од друг наш исселеник од САД, посочува Мулареџа.

Во училиштето „Пенестија“ настава со физичко присуство следат учениците од прво до трето одделение, додека во подрачното училиште во Џепиште од прво до петто одделене.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This