ДЕБАТИ СО ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА: Ниту дебата ниту муабет, Заев си ја тера агендата која му ја дале „од горе“ и ич гајле не му е за народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојазичноста полека, но сигурно станува реалност во Македонија. Зоран Заев најавуваше опширни дебати на почетокот од својот мандат како и во предизборието, тој најавуваше консултации со експерти и професионалци како и граѓански здруженија и невладини организации. За сите ранливи теми кои се стратешки важни за Македонија тој ветуваше дека ќе бидат точка на јавна расправа

Бугарија договорот за добрососедство со Македонија на јавна расправа со експерти го ратифукуваше во својот парламент и само откако го ратификуваше владата на Бојко Борисов го потпиша договорот со Зоран Заев во Скопје. Договорот во Македонија беше предмет на затворена комисиска расправа и во догледно време нема да биде ставен на јавна расправа во и нема да се ратификува во македонското собрание. ВМРО-ДПМНЕ во преизборието предупредуваше за недостакот на демократски капацитет на Зоран Заев како и цело СДСМ. Овој недостаток се покажа со договорот со Бугарија и уште еднаш се покажа како вистинит со законот за јазиците. Законот за јазиците во македоснкото собрание ќе помине со европско знаменце односно во кратка постапка со само три дена расправа и може да биде изгласан со просто мнозинство односно со 61 пратеник.

Дебата за овој закон ќе се одвива во Венецијанската комисија наместо во македонскиот законодавен дом, поточно дебата за клучните точки кој го таргетираат македонското гласачко тело како двојазичноста на униформите на АРМ, двојазичните банкноти и хартии од вредност. Доколку за овие точки од законот се добијат позитивни оценки и тие одредби ќе бидат имплементирани во законот за јазици изјави Бујар Османи.

Покрај овие точки кој ќе ги разгледува Венецијанската комисија во законот веќе се имплементирани двојзаичните униформи на полицијата, здравството и пожарникарството. Двојазични ќе бидат и поштенските марки и уплатниците, а книжните и кованите пари ќе имаат симболи што ќе ги претставуваат граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо. За непочитување на законот ќе има и казни од 4 до 5 илјади евра. Според законот за употреба на јазиците, покрај македонскиот службен јазик на цела територија спротивно на уставот е и јазикот кој го говорат повеќе од 20 проценти од граѓаните, односно албанскиот. За имплементација на овој закон само во 2018 државата ќе одвои 106 милиони денари и 16 милиони денари за формирање агенција и инспекторат за јазици.

Капацитетот за дебата на владата се покажа како непостоечки токму за клучните одлуки кои ги носи владата, а се исклучително битни за нацилионалните и државните интереси на Македонија.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This