April 17, 2024, 12:53 am

Девојката која го фотографирала Груевски во Будимпешта е докторант на студиите по “национализам” на соросовиот универзитет, очекува Унгарско државјанство и вработување во ОБСЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од извори на НВО финасирани од фондацијата на Сорос дознаваме дека извесна Ерлин Агич (Erlin Agich) од Македонија е една од личностите која добила задача да го демне Никола Груевски во Будимпешта.

Таа е автор на фотографија која во неделата се појави во порталите блиски на власта во Македонија, каде се гледа Груевски на фотографија во кафуле во Будимпешта и русокосата девојка сликана од зад грб која седи на истата маса. На другата страна на масата иако само делумно се гледа, седи и трета личност, која веројатно не и се вклопила во приказната па се обиделе да ја остранат.

Нејзините колеги од НВО имаат поделени мислења околу овој настан бидејќи таа самата на дел од нив им кажала дека само направила фотографија без воопшто да се доближи, разговара и запознае со луѓето кои биле со Груевски или со него лично или пак на друг начин да истражи кои се тие личности и во каква релација е со Груевски.

Имено, поделеноста е во делот дали е во ред да се фотографира јавна личност и потоа да се измисли приказната за тоа која е личноста со него и цела приказна околу тоа.

Разговаравме со тројца преставници на невладиниот сектор кои замолија да не ги објавуваме нивните имиња. Двајца од нив се на став дека генерално земено невладините организации се борат против лажните вести и не е во ред нивни припадници да го прават тоа додека другите ги учат како не треба да се прави истото.

Ерлин на свои блиски од НВО секторот им признала дека нема појма кои се луѓето на масата со Груевски и дали девојката е Србинка, Унгарка или од некоја трета земја, и дали воопшто е во некакви интимни релации со Груевски како што беше посочено во извештаите на медиумите блиски до СДСМ.

Сите се согласни дека штом Груевски излегува на јавно место, како јавна личност со искуство, веројатно знае дека некој може да го фотографира и дека нема проблем со тоа. Доколку сакал да се сретне со некој надвор од очите на јавноста има други начини како можел да го направи тоа, надвор од очите на јавноста.

Еден од нашите тројца соговорници во приватен разговор со него ја оправдуава Ерлин и смета дека како политичар против кого се бореле со години го гледаат како противник и во ред е да се напаѓа со сите расположливи средства, како што впрочем правеле и порано. Другите двајца сметаат дека информациите кои за било кого се пласираат треба да се вистина а не да се оди со лажни вести, нешто за што невладиниот сектор добива пари од донаторите за да се бори против лажните вести.

– Лажните вести или дезинформациите се составен дел од арсеналот на безбедносните и разузнавачки служби, но и во доменот на политичкото војување. Тие се користат со цел да зајакнат одредени наративи или да поттикнат или оправдаат одредени случувања. Дезинформацијата може да предизвика значајна штета доколку луѓето не ја препознаат манипулацијата и бидат доведени во заблуда. Дезинформирањето како концепт, од неговото воспоставување па до денес добива сè поширока примена и сè повеќе се користи. Фалсификување на документи, преработување на фотографии, манипулативен маркетинг, намерно фалсификувани мапи, како и политичка пропаганда, се работи кои се користат веќе долго време. Она што е ново, е зголемувањето на последичните ефекти на овие активности, а тоа е падот на квалитетот на информациите, бидејќи новиот развој и експанзија на информатичката и комуникациската технологија во голема мера го олесни создавањето и дисеминацијата на погрешните информации и дезинформациите. Овој развој им овозможи на создавачите на ваквите видови на информации да станат безлични, анонимни и невидливи, и да можат непречено да ја спроведуваат својата намера и да работат кон постигнување на својата цел (од каква и природа да е таа), при што од нив за таквото корумпирање на личното и на јавното мислење не може да се бара никаква одговорност или пак да сносат некакви последици, велат од Центарот за безбедносни истражувања за Инфомакс.мк.

Ерлин Агич фотографијата најпрвин ја објавила на нејзината ФБ страна па веднаш потоа ја избришала заедно со сите нејзини дотогашни постови веројатно свесна дека некој веќе ја видел објавата па ќе ги проучува нејзините политички ставови.

Се претпоставува дека после првичната еуфорија да се докаже пред спонзорите на НВО секторот објавувајќи ја фотографијата од Груевски како како некаков “трофеј” па потоа веројатно веројатно проценила од некоја причина дека во моментот не и потребен толкав публицитет.

Ерлин Агич според информациите е дете од мешан албанско-турски брак од Македонија и е класичен примерок на личност од “инкубаторот” на Сорос. Таа магистрирала на политички науки на универзитетот на југоисточна Европа во Будимпешта чии основач и главен финансиер е милјардерот Џорџ Сорос кој преку тој универзитет и со помош на својот капитал се обидува да создаде илјадници свои силни подржувачи, следбеници и лица кои ќе ја шират неговата идеологија инфилтрирајки се подоцна во институциите на многу држави. Од интернет инормациите се гледа дека учела политички науки, а самата истакнува дека особено напреднала и посебно е задоволна од годината помината на студиите за “национализам”.

Од интернет проверката се гледа дела објавила свој труд со наслов: “Татковината повикува: политичка мобилизацијата на албанската дијаспора на локалните избори во Македонија во 2013 година”, со опис како ДУИ донел илјадници гласачи од дијаспората со цел да ги освои општините Кичево и Струга. 

Бидејќи не можевме да го отвориме и прочитаме трудот остана непознаница дали во него стојат и методите со кои беше мобилизирана дијаспората во 2013 година, тргнувајки од заканите со палење нс куќите на оние кои нема да дојдат да гласаат, па до дадената алтернатива за тие кои неможат да дојдат а тоа е да платат две илјади швајцарски франци со кои ќе се финасираат патните трошоци на тие кои доаѓаа.

Ерлин е во моментот на докторски студии на истиот универзитет и е еден од пет ко-основачи на НВО Стела која се занимава со дијаспора, мигранти, еднаквост на жените и слични теми. Луѓе кои ја познаваат велат дека освен унгарско државјанство очекува и вработување во ОБСЕ.

Инаку новинари блиски до власта, фотографијата на Груевски веќе ја прогласија како порака од македонските служби и ним пријателски служби дека го следат секој чекор на Груевски во Унгарија во смисла како некакво предупредување до него.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This