Дегpaдирана на работно место поради статус на Апacиев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Притисоците и деградирањата на луѓето кои се поистоветуваат со Левица продолжуваат, како непрекинат притисок врз партијата за да се компромитираат нашите активности, обвинува Амар Мециновиќ од Левица.

– Мајката на наша кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – Стево Крстевски и Фатон Ахмети таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование. Со оваа наредба, таа се деградира – и тоа, бидејќи нејзината ќерка на Фејсбук споделила статус на претседателот на Левица, Димитар Апасиев – изјави Мециновиќ.

Од Левица порачуваат дека од СДСМ се влезени во немилосрдна борба со нивната партија.

– СДСМ и Левица се влезени во обратнопропорционален политички однос и растот на Левица директно влијае на иднината на социјалдемократскиот сојуз – затоа, тие свесно водат немилосрдна битка која не бира средства, знаејќи дека исходот кој сите нас нѐ чека е конечна промена на рамнотежата во левиот политички блок – порачаа од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This