Дедо Мраз пристигна во Германската амбасада во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дедо Мраз од далечната Лапонија пристигна во Македонија. Синоќа, прва станица му беше Германската амбасада во Скопје, на традиционалниот Божикен базар.

Студено беше во божикно накитениот двор на амбасадата, но топла беше атмосферата, исполнета со мирисот на греано вино, германски колбаси, топли вафли, детски пунч, домашни божични колачиња, со божикни песни на детски хор и жива музика.

Гостите од сите сфери на живеење, меѓу првите ја почувствуваа новогодишната атмосфера во Скопје и си посакаа триесет дена пред Нова година, среќа, здравје и бериќет во 2019 година.

На присутните деца, Дедо Мраз им подели подароци, а средствата од купените домашни производи од божикниот базар ќе бидат донирани за добротворни цели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This