ДЕДО ТОНИ Е ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА: Роден е во селото Вруток се сели во Загреб по отслужување на воениот рок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таљат Селмани (82), или познат како Тони, за само неколку секунди стана хит во Хрватска и пошироко со својата изјава. Запрашан за мислење за грипот кој „косеше“ низ Хрватска, тој даде интересен одговор.

„Не постои грип злато мое. Имам 82 години и никогаш не сум посетил лекар. Ме боли рака, ме боли ова… и веднаш на лекар. Вежбај п…да ти матер“, одговори Тони.

Оваа изјава го запали интернетот, а хрватските медиуми се интересираа за човекот кој што за само неколку часа имаше околу 300.000 прегледи на „Јутјуб“.

Хрватските медиуми откриваат дека дедо Тони всушност е Таљат Селмани, е од Македонија, поточно од Вруток. Се сели во Загреб во 1960 година после отслужување на воениот рок.

Сега продава овошје и дели совети за здрав живот. Тој вели дека секој ден вежба и затоа е здрав. Од утро се тушира со ладна вода, и оди пешки, без разлика на временските услови. И кога е ладно не носи капа и ракавици. Вели дека не му требаат.

„На луѓето им пречи кога е ладно и кога е топло. Секое годишно време си има свое. Нема ни случајно да се откажам од навиките и кога врне. Нека врне, ќе одам и по дожд“, рече тој.

Неговиот син и тој вежбаат заедно како едно. Неговата сопруга е во седмата деценија од животот, а Тони се шегува дека кога ќе ги видат заедно, го прашуваат дали му е ќерка.

„Да, ме прашуваат дали ми е ќерка. Вистина е, згодна e, убава e“, вели Тони.

Советува луѓето да не се нервираат и да си помагаат меѓусебно.

„Нема да добиете ништо со нервоза. Затоа без нервоза, и секогаш да си помагаме меѓусебно. Доколку сте нервозни, пуштете си некоја убава музика која ви годи и вежбајте со музика“, додаде тој.

Во последно време се појавија и маички со неговиот лик со натпис: „Вежбај п..да ти матер“ кои се огромен хит и се продаваат како „алва“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This