ДЕЖУРНИ ВИНОВНИЦИ: Западните медиуми објавија дека Русија наводно ги хакирала Олимписките игри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските разузнавачки агенции се сомневаат дека Русија извела сајбер-напад на електронските системи кои се користеле на Олимписките игри во Пјонгчанг, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори во американските разузнавачки служби

Изворот за весникот наведува дека руските хакери наводно се обиделе да направат сајбер-нападот да изгледа дека е од Северна Кореја. Изворот смета дека руската воена разузнавача служба ГРУ до почетокот на февруари имала пристап кон 300 компјутери поврзани со Игрите преку хакирани рутери за пренос на интернет-конекција. Американските разузнавачки служби, исто така, претпоставуваат дека руските хакери наводно се обидувале да засметаат на церемонијата за затворање на Олимписките игри во Пјонгчанг.

На церемонијата на отворање на играчите, гледачите и новинарите се соочиле со сериозни проблеми во работата на интернетот и врските на стадионот на кој е одржано случувањето. Портпаролката на Организациониот комитет Ненси Пак изјави дека организаторите ќе нсатојуваат да избегнат ваква ситуација во иднина.

Министерството за надворешни работи на Русија на 7. февруари обајви официјален коментар дека очекува во некои западни мдиуми да се појави неоснована истрага за наводна „руска трага“ во хакерски напади на информационите ресурси поврзани со Олимписките игри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This