ДЕКЛАРАТИВНА БОРБА НА ВЛАДАТА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТ: 1.6 милиони евра за лубрикантни, 1.5 милиони за борба против загадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само 1,5 милиони евра се определени во владиниот буџет за 2018-та во борбата на државата против енормното загадување, кое и оваа година започна со грејната сезона од средината на октомври. Ваква одлука беше донесена на последната владина седница, а средствата беа посебно издвоени за оваа намена.

– Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Инаку следната година е планиран максимален буџет од 3,7 милијарди евра. Со предлогот на Министерството за финансии, што беше претставен пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, предвидено е вкупните приходи во државната каса за 2019 година да изнесуваат 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This