ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша декларација за заеднички настап, како вовед во нова победа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На граѓаните на Република Македонија потребен им е напредок, потреби се чекори кој ќе го направат животот подобар, потребни се решенија. За да се случи тоа неопходно е дејствување. Чесно, посветено и секогаш со граѓаните, ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при потпишувањето на декларацијата за заеднички настап на претстојните локални избори на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Политичките партии, потписници на оваа декларација за заеднички настап на престојните локални избори денес одлучно застануваме заеднички, за на граѓаните да им ја понудиме најдобрата кадровска и програмска понуда. Она што не обединува, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, и сите останати е потребата за напредок. Тој напредок ќе го понудиме, тој е е желба за подобар живот.  Оваа декларација за коалициски настап е вовед во нова победа на престојните избори, рече Груевски.

Тој истакна дека се базираме на концептот на развој и напредок на Македонија, подобар стандард на граѓаните, но пред се визијата за Македонија која нема да запира и назадува, туку ќе продолжи на патот кон просперитетот, работата и реализацијата на нови дела и проекти, кон унапредување на локалната самоуправа како севрис на потребите и барањата на граѓаните.

 

 

-Со нас е проверено дека можеме и знаеме. Ние покажавме дека нашата заедничка визија знаеме да ја преточиме во многу работа од која резултатот се решени комунални и инфраструктурни проблеми, нови водоводи, канализации, училишта, градинки, патишта и 10.359 реализирани ветувања за општините и граѓаните. Овие резултати покажуваат дека стоиме зад тоа што го говориме, дека граѓаните може секогаш да се потпрат на ВМРО-ДПМНЕ и политичките партии кои стојат зад оваа декларација. Овие резултати ветуваат дека тоа што ќе го понудиме и на овие локални избори ќе биде преточено во нови километри асфалт, нови цевководи, нови објекти, нови подобрени услуги за граѓаните. Затоа слободно може да кажеме дека оваа не е само декларација потпишана само помеѓу политички партии, туку е декларација потпишана со граѓаните, која својата верификација ќе ја добие на 15 октомври со една убедлива победа на локалните избори, вели Груевски.

Тој потенцираше дека овие локални избори не се само обични избори за градоначалници и локални совети, ова се избори за Македонија.

-Во минатиот период владата  покажа неспособност да се справуваат со проблемите на граѓаните. Погледнете ги штетите во само три месеци, пад на економијата индустриското производтсво, пад на просечните плати, растот на трошоците за живот и цените на производите, кампања против инвеститори и хаос во секој ресор на нивното работење. Тоа е одраз не само на нивното незнаење, туку и на нивната катaстрофална кадровска политика. Сега гледаме дека истото го прават и во пресрет на локалните избори. На тоа ние ќе одговориме одлучно со најдобрите кандидати, со најдобрите визии, идеи и проекти во интерес на граѓаните. Нашата понуда посветеност, одговорност и знаење ќе биде најдобриот одговор на хаосот и неизвесноста која СДС ја предизвика, рече Груевски.

 

 

Тој изјави и дека Македонија ќе се врати на патот на успехот и развојот. Тој пат ќе го одиме ние заедно со граѓаните. Пред нас престојат нови победи. Овие победи ќе ги добиеме заедно со граѓаните, со многу работа и грижа за народот и државните интереси. Овие избори се ново утро за Македонија, каде заеднички, сложно, обединето ќе продолжиме да работиме за граѓаните и за државата, да се вратиме на патот кој значи стабилост и сигурност. Секогаш сме за работа, проекти, решавање на проблеми, секогаш на прво место ни е државата, на страната на Македонија.

Модераторот Роберт Велјановски истакна дека декларација е печат на еден заеднички концепт кои граѓаните ќе го препознаат и кој нуди нова визија за унапредување на општините кои треба да ги води локална власт која директно ќе ги решава предизвиците, потребите и барањата на граѓаните.

 

-Ние одлучно застануваме на патот на штетните политики кои со само три месеци директно задираат во државните интереси и интересите на граѓаните без разлика на нивната етничка, верска или идеолошка припадност. Нашата посветеност, одговорност и знаење ќе бидат најдобриот одговор со кои ќе се спротиставиме на деструктивноста и неспособноста на нашиот политички опонент и тоа ќе го сториме на демократски и фер избори на кои граѓаните јасно ќе ја препознаат и потврдат разликата, рече Велјановски.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This